Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и привлече огромно внимание објавувајќи фотографија од Кристијано Роналдо, со порака: „Нешто интересно се подготвува“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој маркетинг потег може да биде поврзан со новиот подкаст на Роналдо, во кој славниот фудбалер вложува голема енергија, како и во својот Јутјуб профил. Името на Новак е во списoкот на низа славни имиња кои Роналдо ги означи во споменатата објава која Ѓоковиќ ја сподели.
Во неа Португалецот ја означи и ѕвездата на Реал Мадрид Килијан Мбапе, легендата на италијанскиот фудбал Џорџ Кјелини, славниот голман на Фиорентина Давид Де Хеа, култните дефанзивци Рио Фердинанд и Пепе…
Новак Ѓоковиќ исто така објави фотографија на Кристијано Роналдо на својот профил на Инстаграм.
— Blue (@BlueboyCR7) December 11, 2024
“Нешто интересно доаѓа” pic.twitter.com/FAOyKXg6sz