Дома Останати Тенис Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Љубљана

Ѓорческа поразена во финалето на турнирот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Џил Тајхман од Швајцарија не успеаја да стигнат до трофејот во двојки на ВТА 125 Челинџерот во Љубљана, Словенија, што се играше за награден фонд од 100.000 евра.

Тие го загубија финалето од италијанско-шпанската комбинација Нурија Бранкачо и Леире Ромеро Гормаз со 2:1 во сетови (5:7, 7:5, 10:7 на поени) за 1 час и 47 минути игра.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ова за Ѓорческа беше второ финале во двојки на ВТА турнир, првото го играше 2017 година на Бол на Брач (двете ги загуби). Нашата тенисерка го играше вкупно 73 финале во двојки и остана на 47 турнирски победи.

Во текот на следната недела Ѓорческа е пријавена за настап на ИТФ 75 турнир во Пазарџик, Бугарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

По осум години: Ана Ивановиќ се враќа на терените!

Легендарната српска тенисерка Ана Ивановиќ одлучи да се врати на тениските терени и од 17-…