Новак Ѓоковиќ денес имаше еден од полошите денови во кариерата, Ѓоковиќ прво беше поразен во полуфиналето од Зверев во сингл конкуренција, а потоа го изгуби и полуфиналето во мешани двојки каде што играше со сонародничката Нина Стојановиќ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После поразот од мечот во мешани двојки прашањето на новинарите во микс-зоната беше како се чуствуваш.
„Ужасно! Се чувствувам ужасно!“, кратко одоговорил Новaк, пренесува „Спорт Клуб“, па продолжил.
Сигурно на Ѓоковиќ ќе му биде потребно време да се смири и да дојде на себе по овој кошмарен ден.
„Во овој момент се чувствувам ужасно. Од утре се надевам на свеж почеток. Се надевам дека ќе се опоравам и ќе донесам барем еден медал за својата земја“, зборувал српскиот тенисер.