Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Алекс Де Минор во четвртфиналето на Јунајтед купот, но најголем проблем е новата повреда на најдобриот играч во светот.
Ѓоковиќ кажа дека очекува сè да биде во најдобар ред, а притоа посочи дека и претходно бил повреден, но и покрај тоа го освоил Австралијан опен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Никогаш не знаете што може да се случи. Во последните два од три настапи се повредив пред Австралијан опен и ги освоив титулите. Се надевам дека сега нема да се повредам, ќе работиме на тоа“, кажа Ѓоковиќ.