Дома Останати Авто Мото Шумахер на кобниот 29. декември 2013: Снегот не е добар за скијање, можеби требаше да одиме во Дубаи

Шумахер на кобниот 29. декември 2013: Снегот не е добар за скијање, можеби требаше да одиме во Дубаи

Документарецот за седумкратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер излезе на „Нетфликс“.

Документарецот е посвете на животот на Шумахер, а во еден дел се зборува и за самиот ден на несреќата. Фановите можеби очекуваа да бидат откриени повеќе детали, како фотографии од изаминатите осум години, но тоа сепак го нема.

Сепак, секако дека има работи кои и тоа како се интересни.

Во филмот се открива можеби важен детал за денот на несреќата, 29 декември 2013 година. Тој ден Шумахер и кажал на неговата сопруга Корина дека снегот не е идеален за скијање.

„Снегот не е баш најдобар за скијање, можеби требаше да одиме во Дубаи“, и кажал Шумахер на Корина.

Корина пак зборува дека во изминатите осум години, Михаел е со нив, но на еден поинаков начин.

„Ние сме заедно, живееме заедно, се бориме за негова рехабилитација и му даваме терапии. Тој е тука, но на некој поинаков начин. Ни недостига на сите, но се трудиме како семејство во секој момент да бидеме заедно“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Хрватски неврохирург: Семејството на Шумахер ме побара во 2014 за да му ставам микрочип

Документарниот филм за Mихаел Шумахер веќе излезе на „Нетфликс“ и во него се откриваат дет…