Дома Топ вести Што се случува со него? Ѕвездата на Реал против Тотенхем имаше 29 загубени топки

Што се случува со него? Ѕвездата на Реал против Тотенхем имаше 29 загубени топки

Се уште не стивнува бурата после победата на Тотенхем од 3:1 над европскиот шампион. Играта која „кралевите“ ја пружија на „Вембли“ не доликува на шампионска екипа, па сигурно ќе сакаат што побрзо да ја заборават.

Натпреварот во Лондон покажа дека Реал Мадрид се наоѓа во сериозна криза. Проблем е што скоро комплетниот тим е надвор од форма, па нема играч кој „отскокнува од сивилото“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Еден од најслабите, ако не и најслабиот на мечот против Тотенхем беше Марсело, кој само пред неколку дена беше прогласен за најдобар лев бек според ФИФА.

Бразилецот на мечот против Тотенхем загуби неверојатни 29 топки, што е веројано негов рекорд за сите 93 натпревари кои ги има одиграно во Лигата на шампиони. Покрај тоа што губеше топки, Масело беше катастрофален во одбрана и директен виновник за првиот гол.

29-годишниот дефанзивец на Реал Мадрид пресече само две топки и немаше ниту едно уклизување во текот на 90 минути.

Поради ова „потфрлање“ Марсело се најде на удар на жестока критика и кога ќе се земе во предвид дека тој и Карвахал (кој не игра поради здравствени проблеми) како бековски пар минатата сезона имаа 4 гола и 29 асистенции, тогаш јасно е зошто Реал се наоѓа во голема криза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …