Дома Фудбал Англија Што се случило во соблекувалната на Арсенал пред Брајтон? Белерин сака да замине

Што се случило во соблекувалната на Арсенал пред Брајтон? Белерин сака да замине

Шпанскиот фудбалер Хектор Белерин летоска имаше прилика да го напушти Арсенал, но Арсен Венгер успеа да го убеди да остане на Емирати.

Белерин се поврзуваше со трансфер во Барселона од каде и потекнува. Каталонскиот клуб сакаше да го донесе шпанскиот играч, но на крајот на изненадување на многу Белерин одлучи да остане во Арсенал. Меѓутоа, се чини дека веќе жали поради тоа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Имено, според пишувањата на англиските медиуми Белерин порачал на челниците на клубот дека сака на лето да го напушти клубот, и побарал да го стават на трансфер листата. Се верува дека шпанецот влегол во судир со Венгер, а во прилог на тоа е и фактот што беше на клупата против Брајтон.

Наводно, расплетот на ситуацијата повторно спремно го чека Барселона која нема ништо против Белерин да дојде на Камп Ноу, каде не се задоволни од играта на Нелсон Самедо. Агентот на Белерин веќе прави притисок на клубот откако неговиот клиент на последниот натпревар остана на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…