Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Шпанците немоќни и од белата точка, си одат дома🎥

Шпанците немоќни и од белата точка, си одат дома🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Репрезентацијата на Мароко го приреди едно од најголемите изненадувања на Мундијалот и ја елиминира Шпанија во осминафиналето.

Шпанците калкулираа, го посакуваа Мароко за противник, но тоа им се оби од глава, па беа елиминирани после изведување на пенали.

Мароко одлично се бранеше и не дозволуваше Шпанија да создава посериозни прилики за гол, но знаеа и сериозно да се заканат преку конранапади.

Откако во регуларниот дел немаше голови мечот замина во продолженија, а таму најголемата шанса ја имаше Сарабија, кој ја погоди стативата во 120 минити.

Во пенал серијата Шпанците комплетно потфрлија и не постигнаа ниту еден гол од три обиди, па Мароко се пласира во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пиоли спрема драстични промени за дербито со Интер

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Тренерот на Милан, С…