Дома Фудбал Шпански новинар тврдеше дека Роналдо се кае, а друг го надполни – може да се врати во Реал?!

Шпански новинар тврдеше дека Роналдо се кае, а друг го надполни – може да се врати во Реал?!

0

Кристиано Роналдо минатото лето одлучи после девет години да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во редовите на Јувентус.

Португалецот на заминување се одлучи откако претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез одби да му ја зголеми платата. Торинскиот гигнат го дочека со раширени раце и прифати да му исплаќа 30 милиони евра по сезона.

Иако Роналдо ужива со семејството во Торино, шпанскиот новинар Росио Мартинез вчера во една ТВ емисија тврдеше дека Португалецот не е среќен во Италија и дека се кае за направениот трансфер

„Кристиано се кае што отиде во Јувентус. На крај од се и јас сметам дека направи голема грешка што се одлучи да замине“, порача Мартинез.

Тврдењата на другиот новинар кој гостуваше во емисијата, Томас Рончеро се уште по неверојатни. Овој човек тврди дека Роналдо би можел да се врати во Реал.

„Само едно нешто ќе ви кажам во одбрана на она што јас го мислам. Враќањето на Зидан изгледаше како невозможна мисија, но ете сите видовме дека се случи. Затоа сметам и дека Реал размислува да го врати Роналдо“, изјави Рончеро.

Секако, тешко дека некој сега ќе поверува во овие изјави на шпанските новинари. Во првата можеби и има вистина, за тоа пишуваше и италијанска „Република“, но кога е втората во прашање веројатно не постои фудбалски фан кој верува дека такво нешто е возможно.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…