Жерард Пике и Серхио Рамос се главните интернет ѕвезди во Шпанија.
Дефанзивците од големите ривали Барселона и Реал Мадрид често пати на социјалните мрежи влегуваат во конфликт поради судиските одлуки, а за нивниот однос зборуваше и шпанскиот селектор Јулиен Лоптеги.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој тврди дека односот во репрезентацијата е одличен и дека помеѓу нив нема никакви проблеми.
„Не можам да го контролирам тоа што се случува надвор од теренот, но на теренот нивниот однос е навистина одличен. Целосно се посветени на тимот и нивниот однос не е нарушен”- изјави Лоптеги.
Пике и Рамос се носители на играта на селекцијата на Шпанија. Сепак, нивните последни препукувања преку друштвените мрежи наводно го нарушиле нивниот однос.