Дома Останати Тенис ШОК: Ѓоковиќ испадна од УС Опен

ШОК: Ѓоковиќ испадна од УС Опен

НОВАК ЃОКОВИЌ е поразен во 3. коло на УС Опен, последниот Грен слем тениски турнир во сезоната.

Подобар од српскиот тенисер беше Австралиецот Алексеј Попирин, кој победи со 6:4, 6:4, 2:6, 6:4.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Еден ден откако третиот носител Карлос Алкараз се збогуваше со турнирот со неочекуван пораз од Ботик ван де Зандшулп, 74-тиот тенисер во светот, на турнирот повеќе го нема ни вториот носител, кој се надеваше дека ќе го освои својот 25-ти ГС и неговата јубилејна 100-та титула.

Оваа година е прва од 2017 година кога рекордерот по број на титули од турнирот во најсилната категорија завршува без освоен Грен слем.

На Австралија опен играше во полуфиналето, на Ролан Гарос беше запрен во четвртфиналето, а на Вимблдон беше поразен од Алкараз во три сета во мечот за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Хаос на тениски меч, малку фалеше да за тепачка: Ајде ако смееш излези надвор!

Конфликт на тенискиот натпревар во Бастад: „Зошто ми го кажа тоа? Да се видиме надвор, ако…