Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал одбил да стави потпис на нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, пренесуваат француските медиуми.
Според „RMC“ причината за тоа е што 22-годишниот напаѓач не е задоволен од својот статус во тимот и од малата минутажа која ја добива оваа сезона кај Мурињо, па сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Марсијал истекува во јуни 2019 година, а од „Олд Трафорд“ му предложија нов петгодишен договор.
Меѓутоа, Французинот е одлучен во намерата да го напушти Манчестер Јунајтед и поради тоа го одбил новиот договор.
За Марсијал интерес покажуваат многу европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид, Јувентус, ПСЖ и Атлетико Мадрид.
Anthony Martial wants to leave Manchester United this summer. (Source: RMC Sport) pic.twitter.com/m3buWhaLje
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 10, 2018
Со оглед на фактот што Марсијал ова лето ќе влезе во последната година од договорот, „црвените ѓаволи“ ќе бидат приморани да го продадат.
Англиските медиуми пренесуваат дека моменталната вреднос на напаѓачот изнесува 50 милиони фунти, а споменатите клубови веќе стапиле во контакт со неговиот агент.