Дома Останати Тенис Шок за Медведев на стартот во Синсинати!

Шок за Медведев на стартот во Синсинати!

Рускиот тенисер Данил Медведев доживеа елиминација во второто коло на турнирот во Синсинати откако беше поразен во два сета од Јиржи Лехечка (6:7, 4:6).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клучни во мечот беа пропуштените три брејк топки на рускиот тенисер во првиот сет, а Лехечка го искористи тоа и во тај-брејк поведе со 1:0. Медведев во вториот сет имаше две можности за брејк за 2:1, но Чехот ја искористи својата шанса и стави точка.

Лехечка во третото коло од турнирот ќе игра против Френсис Тиафо, а Медведев ќе се подготвува за УС-Опен кој стартува на 26. август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова никогаш не му се случило на Новак: Синер и Алкараз се повлекуваат, а Зверев веднаш се „распадна“

Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња, токму затоа што никогаш не ги „прескокну…