Дома Фудбал Репрезентации Шок за Иско: По фантастичната сезона го пропушта Европското првенство

Шок за Иско: По фантастичната сезона го пропушта Европското првенство

Иско (32) направи голем пресврт оваа сезона и го игра можеби најдобриот фудбал во животот во Бетис, за кој на 36 натпревари и постигна девет гола, додавајќи седум асистенции.

Посебно за истакнување е податокот кој говори дека Иско на дури 19 натпревари сезонава бил прогласен за играч на натпреварот. е прогласен за најдобар на теренот, па природно беше да биде повикан од селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте за претстојното Европско првенство.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


За жал, на што Иско нема да може да одговори на повикот.

Прегледите денеска потврдиле дека тој се здобил со скршеница во натпреварот против Лас Палмас во кој мораше да биде заменет по 39 минути игра.

Шпанскиот фудбалер ја напушти клиниката со патерици, се уште не се знае дали ќе биде опериран, но сигурно е дека ќе го пропушти Европското првенство во Германија.

Во текот на репрезентативната кариера Иско одигра 38 натпревари и постигна 12 гола, а стандарден беше и во деветте години поминати во Реал, по што одигра една полусезона за Севиља.

Тој беше дел од репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство во Русија 2018 година каде што стигна до трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Страшни сцени на ЕП: Докторите го спасуваа животот на унгарски репрезентативец 🎥

Во 68. минута од натпреварот помеѓу Шкотска и Унгарија видовме страшна сцена во која настр…