Голема финансиска криза после пандемијата со коронавирусот ја погоди Валенсија, еден од шпанските гиганти.
Клубот е погоден од финансиска криза и веќе мораа да ја прекинат соработката со Парехо и Кокелан, играчите кои беа најплатени во тимот. Двајцата кариерата ја продолжија во Виљареал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, нивното заминување не ги реши проблемите бидејќи клубот е во проблем и не може да исплаќа плати и на останатите фудбалери.
Јасно е дека од нови играчи нема да има ништо, а големо прашање е кои играчи ќе ги задржат и дали ќе можат да настапуваат во првата лига.
Фудбалрите тренираат, но свесни се за ситуацијата. Кажано им е дека клубот повеќе не може да ги плаќа и се очекуваат заминувања.
Доколку не најдат компромис со играчите Валенсија нема да може да настапува во ниту едно натпреварувања, а тоа би значело и евентуално згаснување на клубот што би било голема трагедија за шпанскиот фудбал.