Дома Останати Тенис Шокантен пораз на Алкараз во 2. коло на УС Опен

Шокантен пораз на Алкараз во 2. коло на УС Опен

Карлос Алкараз го загуби мечот од 2. коло на УС Опен. 

Победникот на овој турнир од 2022 година беше поразен во три сета од Ботик ван де Зандшулп, 74. рангиран тенисер во светот. Беше 6:1, 7:5, 6:4 за Холанѓанецот по 2 часа и 21 минута од натпреварот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Алкараз вака рано не се збогуваше со турнирот во најсилната категорија уште од Вимблдон во 2021 година, кога беше 75-ти тенисер на АТП-листата.

Во Њујорк, Алкараз, кој моментално се наоѓа на третото место во светот, бараше трета последователна Гренд слем титула, откако претходно ги освои Вимблдон и Ролан Гарос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…