Данскиот голман Каспер Шмахјел кариерата ја продолжува во Белгија во редовите на Андерлехт.
Шмајхел со Андерлехт ќе стави потпис до крајот на актуелната 2023/2024 сезона. Екс-капитенот на англиски Лестер на крајот на минатиот месец остана без клуб кога беше ослободен од Ница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во меѓувреме медиумите во Белгија објавија и дека блиску до потпис со овој клуб е Торган Азар од Борусија Дортмунд. Според најавите братот на Еден Азар ќе потпише договор на четири години за сума од околу пет милиони евра.
Преодниот рок во Белгија е отворен до утре, па набрзо се би требало да биде официјализирано.