Мексиканскиот напаѓач Хавиер Ернандез (35) повеќе познат како Чичарито е пред враќање во татковината.
Искусниот фудбалер е блиску до потпис со Чивас клуб од каде што ја започна својата кариера. Чичарито играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Севиа, Баер Леверкузен и Вест Хем. Најголема трага остави во Јунајтед каде што на 103 натпревари постигна 37 гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По европската кариера се пресели во МЛС лигата и настапуваше за ЛА Галакси. За Чичарито потписот со Чивас би бил враќање во овој клуб по цели 13 години.
Дресот на репрезентацијата на Мексико го носеше на 109 натпревари во кои постигна 52 гола.