Дома Фудбал Англија Чеферин против Манчестер Сити: Знам дека бевме во право

Чеферин против Манчестер Сити: Знам дека бевме во право

Претседателот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) истакна дека биле во право кога го казниле Манчестер Сити поради кршење на финанискиот фер-плеј.

Во февруари 2020 година УЕФА го казни Манчестер Сити со 30 милиони евра и две сезони надвор од европските натпреварувања поради кршење на финанискиот фер-плеј. Меѓутоа истата година во јули, Судот за спортска арбитража ја укина таа суспензија поради недостаток на докази и застареност во слуачјот, а Манчестер Сити мораше само да плати казна од 10 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Премиер лигата минатиот февруари го обвини Сити за наводни 115 прекршоци на финансискиот фер-плеј од 2009 година до 2018 година.

Чеферин во интервју за „Дејли Телеграф“ изјави дека нема да се меша во тој случај, но истакна дека осудувачка пресуда ќе покаже дека УЕФА била во право.

„Знам дека бевме во право, да не бевме немаше да донесеме таква одлука. Како адвокат на судењеата веќе 25 години знам дека понекогаш добивате случаи за кои сте сигурни дека ќе ги изгубите. Понекогаш го губите случајот кога сте сигурни, едноставно морате да ги почитувате правилата во сериозна демократија. Не сакам да зборувам за случајот во Англија. Но верувам дека одлуката на нашето независно тело беше исправна. Не навлегував во таа одлука“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…