Дома Македонски спорт Мак фудбал Чеферин: Воодушевен сум од големите чекори што ФФМ ги направи под раководство на Сејдини

Чеферин: Воодушевен сум од големите чекори што ФФМ ги направи под раководство на Сејдини

Раководството на Фудбалската федерација на Македонија предводено од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски денеска во швајцарски Нион, во седиштето на УЕФА, одржаа работен состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Национални асоцијации на УЕФА, Зоран Лаковиќ.

УЕФА и претседателот Александар Чеферин сметаат дека успехот и напредокот на ФФМ под водство на Муамед Сејдини е исклучително значаен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Јас сум воодушевен од големите чекори што Фудбалската федерација на Македонија ги направи во последните години под водство на Муамед Сејдини. Навистина како држава почнавте да ги бележите сите придобивки од вашите заложби во последните години – од пласманот на репрезентацијата до 21 година на Европското првенство во Полска 2017 година, па до А репрезентацијата која се пласираше на завршниот трунир за прв пат во историјата“, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Претседателот Чеферин и УЕФА цврсто веруваат во нашата стратегија и искрено нѐ поддржуваат. Успесите се резултат и на доброто раководење и грижата за македонскиот фудбал. Упатените топли зборови за успехот на нашата репрезентација и пласманот на Европското првенство претставува гордост за нас и ни дава дополнителна енергија и ентузијазам во пресрет на натпреварите од ЕУРО 2020. Исто така, за нас е многу значајно што УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборното собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание“, истакна Сејдини.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…