Првиот човек на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), Александер Чеферин не му остана должен на Звонимир Бобан кој одлучи да ја напушти Федерацијата.
Бобан ја напушти УЕФА и кажа дека организацијата го сменила статутот за да му обезбеди уште еден мандат на Чеферин, иако се очекувало овој мандат да му биде последен.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Заминувањето на Бобан не предизвика никакво нарушување. Тој не заслужува мој коментар. Луѓето кои ме познаваат мене и него ќе донесат свои заклучоци. Ние веруваме во нашиот колектив и демократски процес на одлучување. Не сум јас Ким Јонг Ун од Северна Кореја“, кажа Чеферин.