Дома Фудбал Англија Челси повторно го менува тренерот

Челси повторно го менува тренерот

0

Лондонски Челси би можел да му врачи отказ на италијанскиот тренер Маурисио Сари.

Како што наведува Газета дело Спорт, Сари се наоѓа близу до отказ во лондонскиот тим и веројатно мора да бара друга работа.

Сари немаше лоши резултати на Стемфорд Бриџ. Го осигура пласманот во ЛШ, ќе игра финале во Лига Европа, но односот со навивачите и раководството на тимот не е најдобар и тоа може скапо да го чини.

Меѓутоа, за нов ангажман овој 60-годишен играч нема многу да чека. Газета тврди дека Рома и Милан се сериозно заинтересирани за него и еден од овие тимови ќе бидат негова следна дестинација.

Ако Сари добие отказ, тоа ќе биде втора година по ред во која Италијанци добиваат отказ на клупата на Сините.

Претходната година отказ заработи Антонио Конте. На негово место стигна Сари, но очигледно поради неговиот однос Челси повторно ќе се одлучи на промена.

Интересно е што Газета ова го пренесува неколку дена после интервјуто со Сари во кое кажа дека нема да се врати во Италија.

„Во овој момент можам да кажам дека нема да се вратам во Италија.“ – изјави Сари за Газета дело Спорт.

Расплетот околу него сигурно ќе биде интересен, а на крајот останува да видиме што ќе се случи.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тухел призна: Ако Мбапе или Нејмар заминат, ќе бараме решение!

Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел не беше категоричен дека дека двете најголеми ѕв…