Дома Топ вести Челзи ја плаќа откупната клаузула за Кунде

Челзи ја плаќа откупната клаузула за Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде најверојатно ќе биде првиот трансфер на Челзи откако новиот сопственик Тод Боели комплетно ќе го преземе клубот.

Приоритет на Челзи ова лето ќе биде засилување на одбраната, а прва жечба на Тухел е токму Кунде.

„Сините“ ова лето ќе останат без Кристенсен и Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец.

Челзи и минатото лето направи неколку обиди да го донесе Французинот, но тогаш Севиља успеа да го задржи во своите редови.

Сега Челзи е спремен да ја плати откупната клаузула која изнесува 68 милиони фунти и веќе има договор со Кунде.

Челзи покрај Кунде сака да донесе уште еден дефанзивец, а на листата желби се Јошко Гвардиол од Лајпциг , Пау Торес од Виљареал и Весли Фофана од Лестер 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо: Да не беше Спортинг ќе работев во Мекдоналдс, морам да се оддолжам на тој клуб

Додека се шпекулира каде Роналдо би можел да игра во следната сезона, тој самиот откри во …