Челзи сериозно се вклучи во трката за францускиот дефанзивец и член на Ница, Жан Клер Тобидо, пренесува „Екип“.
23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.
Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓
Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Манчестер Јунајтед се обиде да го доведе во летниот преоден рок, но не успеа да постигне договор со Ница.
Сега Челзи се вклучи во трката и сака да го „украде“ пред носот на Јунајтед, па спреми богата понуда за зимскиот преоден рок.