Дома Фудбал Останато Челзи убедлив, успешна вечер и за Македонците

Челзи убедлив, успешна вечер и за Македонците

Македонските фудбалери имаа одлични настапи во Конференциската лига на УЕФА.

 Дарко Чурлинов со Јагелонија оствари победа од 2-0 против Петрокуб, додека Борац Бања Лука на Дамјан Шишковски и Бобан Николов славеше против АПОЕЛ (0-1).

Николов влезе во игра во 58. минута, додека Шишковски остана на клупата. Победничкиот гол за Борац го постигна Стефан Савиќ во 63. минута.

Челзи доминираше на гостувањето кај Панатинаикос и победи со 4-1 во Атина. Жоао Феликс постигна два гола, а Михајло Мудрик и Кристофер Нкунку исто така се запишаа меѓу стрелците. 

Двата гола во победата на Јагелонија ги постигна Пулулу, додека Чурлинов остана во игра до 78. минута од натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…