Дома Фудбал Англија Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи убедливо го доби малото лондонско дерби 🎥

Челзи денес гостуваше кај Кристал Палас и без поголеми проблеми дојде до победа од 1:4.

После неочекуваниот пораз од ВБА во минатото коло, „сините“ прво славеа против Порто во Лигата на шампионите со 2:0, а денес совладан беше Кристал Палас.

Во само две минути Челзи дојде до два гола. Во осмата минута Каи Хаверц погоди, а во 10. Хаверц беше асистент, погоди Пулишиќ. Веќе после половина час игра Зума со глава погодува по нафрлувањето на Маунт и тука веќе беше јасно кој ќе слави.

Второто полувреме донесе по еден гол на двете страни. Бентеке намали на 1:3, додека Пулишиќ со својот втор гол ги постави конечните 1:4.

Челзи после овој триумг го престигна Ливерпул и сега е четврти со 54 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џеко: Рома не можеше да добие подобар тренер од Мурињо

Напаѓачот на Рома, Един Џеко откри дека е среќен поради доаѓањето на Жозе Мурињо на кормил…