Дома Топ вести Челзи тргнува по ѕвездата на Јувентус

Челзи тргнува по ѕвездата на Јувентус

Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец, а прв на листата желби е Матијас де Лихт од Јувентус.

„Сините“ до последниот момент од летниот преоден рок се обидуваа да го донесат Жил Кунде од Севиља, но сега ќе се насочат кон Де Лихт.

Неговиот агент Мино Раиола најави дека Холанѓанецот може да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Медиумите на Островот тврдат дека раководството на Челзи веќе започнало преговори и работи на трансферот на Де Лихт.

Јувентус за потписот на Де Лихт плати 70 милиони евра и сигурно нема лесно да се откаже од него, но проблем за „бјанконерите“ е што самиот фудбалер сака да ја промени средината.

Медиумите тврдат дека Челзи е спремен да понуди 80 милиони евра за потписот на 22-годишниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Александар Таневски повеќе не е тренер на Македонија Ѓорче Петров

Maкедонија Ѓорче Петров беше поразена од Брегалница (4:1), а по тој пораз цената ја плати …