Менаџерот на Челизи, Маурицио Сари не се откажува од идејата да го донесе Гонзало Игуаин од Милан во зимскиот преоден рок.
Италијансккиот тренер веќе имал неколку телефонски разговори со Игуаин и лично го убедувал Аргентинецот да се пресели на „Стенфорд Бриџ“, пренесуваат италијанските медиуми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните денови се погласни се шпекулациите дека Милан и Челзи подготвуваат размена. „Сините“ се спремни да го испратат Алваро Мората во Милано, а за возврат да го добијат потписот на Игуаин.
За ваквата размена потребна е „дозвола“ и од Јувентус, кој се уште ги поседува правата на Игуаин. „Бјанконерите“ треба да ја одобрат размената, така што клаузулата за откупување на напаѓачот од 36 милиони евра ќе биде префрлена на Челзи.
https://youtu.be/UAj9iNos1vw