Дома Топ вести Челзи и ПСЖ се вклучуваат во трката за Левандовски

Челзи и ПСЖ се вклучуваат во трката за Левандовски

Челзи и ПСЖ имаат сериозна намера да се вклучат во трката за потписот на Роберт Левандовски, доколку наскоро Барселона не го реализира трансферот.

Пред неколку дена претседателот на Барселона, Лапорта откри дека се уште очекува одговор од Баерн Минхен за последната понуда која ја испратиле за Левандовски.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Понудата изнесува 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, додека Баерн бара 50 милиони евра во кеш.

Според „Билд“, Челзи и ПСЖ внимателно ја следат ситуацијата и доколку Баерн и Барселона наскоро не постигнат договор ќе испратат понуди.

Двата клува немаат проблем да платат 50 милиони евра, но проблемот е што Левандовски има договор со Барселона и во моментов преферира трансфер на „Камп Ноу“.

Левандовски за два дена треба да ги започне припремите со Баерн, но медиумите тврдат дека нема да се појави за да исфорсира трансфер на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…