Дома Фудбал Англија Челзи го наградува „бисерот“: Абрахам добива двојно повисока плата

Челзи го наградува „бисерот“: Абрахам добива двојно повисока плата

Челзи ќе му предложи нов договор на младиот талент Таму Абрахам после добрите партии оваа сезона, пренесуваат на Островот.

21-годишниот Англичанец викендов ги постигна првите два гола за Челзи во победата од 3:2 над Норвич. Абрахам ова лето се врати на „Стенфорд Бриџ“, а минатата сезона ја помина на позајмица во Астон Вила.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во моментов напаѓачот добива 50.000 фунти неделно, но Челзи наскоро ќе му понуди нов 5-годишен договор со двојно повисока плата.

Абрахам важи за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, а Челзи во него гледа голема иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…