Дома Топ вести Челзи го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

Челзи го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

Челзи сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

Како фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед, бидејќи Де Јонг е најголема желба на Тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ преговараат веќе подолго време, но никако да најдат заеднички јазик.

Меѓутоа, сега Челзи се вклучи во трката и сака да го „укаре“ играчот пред носот на Јунајтед, па „сините“ веќе спремиле понуда од 80 милиони евра.

Англиските медиуми пренесуваат дека и самиот Де Јонг преферира трансфер во Челзи бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…