Oд Франција се погласи се најавите дека во ПСЖ ќе се обидат да го продадат Нејмар во летото кое следи.
Нејмар ја напушти Барселона и дојде во ПСЖ за да биде лидер, но неговите очекувања не се исполнија, а ситуацијата уште повеќе се промени од таа насока откако нов договор со ПСЖ потпиша Мбапе и во ПСЖ сакаат околу него да го градат тимот. Кога не сето тоа ќе се додаде дека во ПСЖ сега е и Меси, јасно е дека Нејмар е далеку од лидерска улога. Поради можеби и него ќе му одговара промена на средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„ЕСПН“ денес пренесува информација дека интерес за бразилскиот фудбалер почнал да покажува Челзи. Барселона секогаш се поврзува со Нејмар, но тие сега не се во игра поради финансиската ситуација и јасно е дека не можат да ги исполнат условите, ниту на ПСЖ, а ниут на Нејмар.Бразилецот може слободно да размислува за пазарот, а засега единствениот клуб што се појавува според „ESPN“ е Челзи.
И Челзи не се поврзува првпат со Нејмар, а сега тој би можел да биде првото големо вложување на новиот сопственик на „сините“. Претходно во медиумите на Островот се пишуваше дека новиот сопственик е спремен да вложи околу 200 милиони евра во засилување на играчкиот кадар.