Дома Фудбал Останато Чалханоглу: Не е нормално да видите такво нешто во Лигата на Европа

Чалханоглу: Не е нормално да видите такво нешто во Лигата на Европа

Играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу беше многу лут по синоќешниот пораз на неговиот клуб во реванш натпреварот од осмина финалето во Лигата на Европа од Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан пред синоќешото гостување во Лондон имаше заостаток од 2:0 од првиот натпревар на „Сан Сиро“, но не се предаваше и поведе во 35. минута токму преку Чалханоглу. Сепак, само три минути подоцна главниот судија Ериксон досуди пенал за домаќините.

Чалханоглу не можеше да се воздржи од коментирањето за таа одлука.

„Игравме добро, но тоа не е лесно да се види. Поведовме и тогаш примивме неверојатен гол. Не е нормално во Лигата на Европа да видите такво нешто. Рикардо Родригез не ни го допре, но за судијата тоа беше пенал. Јас бев фаулиран во првиот натпревар и не си дозволив себеси така да паднам“, изјави Чалханоглу и продолжи:

„Очигледно е дека тој инцидент ја промени играта. Ние реагиравме добро и по нивното изедначување имавме шанси, но тоа е фудбалот. Судијата беше играч на натпреварот и тоа никогаш нема да го заборавам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…