Играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу беше многу лут по синоќешниот пораз на неговиот клуб во реванш натпреварот од осмина финалето во Лигата на Европа од Арсенал.
Милан пред синоќешото гостување во Лондон имаше заостаток од 2:0 од првиот натпревар на „Сан Сиро“, но не се предаваше и поведе во 35. минута токму преку Чалханоглу. Сепак, само три минути подоцна главниот судија Ериксон досуди пенал за домаќините.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Чалханоглу не можеше да се воздржи од коментирањето за таа одлука.
„Игравме добро, но тоа не е лесно да се види. Поведовме и тогаш примивме неверојатен гол. Не е нормално во Лигата на Европа да видите такво нешто. Рикардо Родригез не ни го допре, но за судијата тоа беше пенал. Јас бев фаулиран во првиот натпревар и не си дозволив себеси така да паднам“, изјави Чалханоглу и продолжи:
„Очигледно е дека тој инцидент ја промени играта. Ние реагиравме добро и по нивното изедначување имавме шанси, но тоа е фудбалот. Судијата беше играч на натпреварот и тоа никогаш нема да го заборавам“.