Дома Фудбал Чави не се откажува: Се додека имаме шанси ќе се надеваме на титулата

Чави не се откажува: Се додека имаме шанси ќе се надеваме на титулата

Стратегот на Барселона, Чави Хернандез изрази задовлство после победата на неговиот тим против Севиља на „Ноу Камп“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чави ја препороди Барселона која до неговото доаѓање беше некаде на 8-9 позиција, а сега Каталонците се второпласирани. Сепак, лидерот Реал Мадрид поради слабиот старт на најголемиот ривал е на 12 бода предност. Чави не се откажува.

„Среќен сум, верувам во она што го работиме и мојот тим. Одигравм уште еден добар натпревар, сите кои беа на теренот дадоа се од себе. Кога имаме една ваква основа резултатите ќе дојдат сами по себе. Одигравме доминантно против силен противник. Лопетеги е еден фантастичен тренер кој одлично го поставува тимот. Ние како што кажав сме среќни и задоволни од победата, а се додека имаме шанси ќе се надеваме и на титулата“, порача Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер може да му укаже голема доверба на вториот свој голман во новата сезона

Станува сè поверојатно Хосеп Мартинес да биде стартниот голман на Интер следната сезона, и…