Дома Трансфер зона Чави не го сака Дибала – го сметал за преценет!

Чави не го сака Дибала – го сметал за преценет!

Паоло Дибала ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната, Аргентинецот заминува од Торино како слободен играч, а заинтересирани клубови секако дека има.

Еден од клубовите со кои се поврзува Дибала е и Барселона, но според последните информации на шпанските медиуми Чави го известил раководството на Барселона дека не е заинтересиран затоа што Дибала бил преценет.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Освен тоа Чави не гледа и како би го вклопил Дибала во својот тим. Барселона ги има Феран Торес, Траоре и Обамејанг кој се повеќе прилагодливи во формација 4-3-3. Сезонава Дибала постигна 13 голови и има шест асистенции на 29 натпревари, но се мачи и со повредите поради кои ги пропушти најважните натпревари.

Во игра за потписот на Дибала е и големиот ривал на Јувентус Интер. Марота сака да се ослободи од договорите на Чилеанците Санчез и Видал, како и Уругваецот Весино, така би се ослободил простор за Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…