Дома Фудбал Лига на шампиони Чави е под притисок, а за утре ќе мора да прави шест измени

Чави е под притисок, а за утре ќе мора да прави шест измени

Како што стојат работите тренерот на Барселона, Чави Ернандез ќе мора да прави големи промени во тимот на Барселона за утрешниот натпревар против Порто во Лигата на шампионите.

На Барселона и е потребна победа, Чави зад себе има две неубедливи победи и едно реми во последните пет натпревари, па сега сака победа.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Во излагањето пред новинарите шпанскиот стратег одбива да прифати дека има криза во неговиот тим, а за утре ќе мора многу да менува. Поради повреда на грбот надвор од комбинација е голманот Тер Штеген и на негово место би требало да брани Ињаки Пења.

Жоао Кансело ќе го замени Балде на бековската линија, промени ќе има и во нападот каде што Феликс и Рафиња ќе играат на местата на Јамал и Феран Торес. Во средниот ќе се врати Гундоган, веројатно и Педри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Oдложен натпревар во Ла Лига

Натпреварот од 26. коло во шпанската Примера помеѓу Гранада и Валенсија кој требаше да се …