Дома Фудбал Чави го обвини судијата: Изгуби контрола на мечот

Чави го обвини судијата: Изгуби контрола на мечот

Барселона не успеа да го победи Еспањол и загуби два важни бода во трката за шампионската титула.

Тренерот Чави Ернандес после мечот го обвини судијата дека ја изгубил контролата на мечот, но призна дека неговиот тим не играл добро.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Овој пат судијата загуби контрола над натпреварот. Неговата работа е да биде судија, а тој само мафташе со картони. Тоа и му го кажав по натпреварот. Што се однесува до резултатот,сами сме виновни за ремито“.

„Доколку Лахоз реши да разговара, би го прашал зошто дозволи играта да излезе од контрола. Судиите кои решаваат да разговараат и даваат човечки карактер на својата работа“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако Шешко го избере Манчестер, Њукасл ќе тргне по засилување од ПСЖ!

Александар Исак со нетрпение го чека исходот од летната трансфер сезона на Њукасл, додека …