Реал Мадрид вчера на големо изненадување потврди дека актуелниот селектор на Шпанија, Јулен Лопатеги ќе биде нов тренер на „кралскиот“ клуб.
Реал ја активирал откупната клаузула на Лопатеги во неговиот договор со Федерацијата од 2 милиони евра и го осигура неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанската јавност е бесна и разочарана што на само два дена пред почетокот на Мундијалот беше објавена ваква вест, па „АС“ пренесува дека луѓето од Федерацијата размислуваат да му врачат отказ на Лопатеги.
Лопетеги денес ќе се појави пред медиумите во Русија заедно со првиот човек на федерацијата, а предвидувањата се дека може да биде соопштен неговиот отказ.
Доколку навистина се сличи тоа ќе предизвика хаос во редовите на „црвената фурија“ на само еден ден пред Мундијалот.