Дома Луд Спорт Хрватски државјанин тешко повреден во синоќешната пресметка на вечното дерби во Белград, побегна од болницата (ВИДЕО)

Хрватски државјанин тешко повреден во синоќешната пресметка на вечното дерби во Белград, побегна од болницата (ВИДЕО)

Хулиганот од Хрватска кој беше повреден во вчерашната пресметка на 156. дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан, побегна од Военомедицинската академија. Тој како што пренесуваат српските медиуми побегнал откако бил прегледан.

Повредениот инаку, е еден од четворицата кои заработија тешки повреди. Покрај него, на ВМА се наоѓа уште еден хрватски државјанин. Се работи за лицето кое најмногу настрада и има тешко згмечување на мозокот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Информацијата дека странски државјани учествувале во пресметката на јужната трибина ја потврдија и од Партизан.

Новинарот на белградскиот тим, Жељко Пантиќ истакна накратко негово видување за немилите настани.

„Нејасно е дали се работи за пресметка од интерес или нешто друго. Се работи за хрватски државјани кои за првпат се најдоа на стадионот на Партизан, од сознанија се кик-боксери кои впрочем и поминаа најлошо вчера. Тие биле испратени со оглед на тоа дека имале кај себе црвено-бели обележја, но се уште не е познато од кого се ангажирани“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хари Кејн доби статуа која веднаш стана хит

Капитенот на Англија, Хари Кејн доби статуа пред спортскиот центар „Питер Меј“ во Лондон к…