Дома Фудбал Англија Хесус за кризата: Кога не можев да дадам гол ми доаѓаше да си пукам во глава

Хесус за кризата: Кога не можев да дадам гол ми доаѓаше да си пукам во глава

Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Хесус, призна дека тешко му паднала серија од осум натпревари без гол.

Од тогаш Бразилецот постигна пет голови на три натпревари, вклучувајќи го и хет-трикот во победата над Динамо Загреб.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Искрено минатиот месец не бев добро и не бев среќен. Играв на девет-десет натпревари и не дадов гол, промашував многу шанси и секако дека не можам да бидам задоволен кога тоа се случува. Некогаш фудбалот е таков, во тие моменти мораш да работиш и да се обидеш да си помогнеш, тоа го правев јас“.

„Не можам да зборувам во име на другите играчи, можам само за себе да кажам. Кога не бев задоволен ми доаѓаше да си пукам во главата. Се сфаќав лично и си размислував: Боже, морам дадам гол, морам да дадам гол! Таквото размислување ми создаваше притисок“, изјави Хесус.

Хесус има 22 години, а во Сити дојде во 2017 година од Палмеирас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е –…