Дома Фудбал Останато Хари Реднап има совршен клуб за Бејл: За нив би бил одлично засилување!

Хари Реднап има совршен клуб за Бејл: За нив би бил одлично засилување!

Англискиот стратег Хари Реднап зборуваше за крилниот фудбалер на Реал Мадрид, Герет Бејл и неговата иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бејл и Реднап своевремено се соработуваа во Тотенхем додека Бејл се уште беше на почетокот на својата кариера, па Реднап е еден од оние кои добро ги знае желбите на Бејл во кариерата. Реднап вели дека Бејл е некој кој сака да биде блиску до татковината и дека поради тоа би можел да се врати на Островот, а има и совршен клуб за него.

„Мислам дека тој ќе се врати дома. Се сеќавам дека во Тотенхем му давав четири или пет слободни дена, а тој си одеше дома да ја посети мајка му. Не одеше на егзотични места. Мислам дека тој е некој кој сака да биде дома. Тој е навистина таков тип. Мислам дека би бил одлично засилување за Тотенхем, зар не? Фантастично засилување“, изјави Реднап.

Потсетуваме, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не му даде ниту минута игра во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Шампионите на гостувањето против Баерн и со тоа веројатно покажа дека Велшанецот и не е толку потребен. За неговите услуги, покрај клубовите од Премиер лигата интерес покажува и Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе за Парагвајците: Мислеа ќе дојдеме во смокинг, а ние ги победивме во нивната игра

Француската фудбалска ѕвезда Килијан Мбапе истакна дека неговата репрезентација го совлада…