Дома Фудбал Англија Хари Кејн наскоро потпишува и става крај на шпекулациите

Хари Кејн наскоро потпишува и става крај на шпекулациите

Хари Кејн е спремен конечно да стави крај на шпекулациите и да стави потпис на нов договор со Тотенхем, пренесуваат медиумите на Островот.

Англискиот голгетер е убеден дека Антонио Конте е вистинскиот човек, кој може да го однесе тимот до трофеј и е решен да остане во Тотенхем.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Минатото лето Кејн побара трансфер и сакаше да ја промени средината, но Тотенхем ги одби сите понуди од Сити и голгетерот остана.

Сега работите се променија, Кејн е среќен во Тотенхем и верува дека клубот е на вистинскиот пат, па е спремен да ја продолжи соработката.

Преговорите за нов договор се во напредна фаза и наскоро Кејн ќе стави потпис на нов договор до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА го суспендираше Емилијано Мартинез

Светската фудбалска организација, ФИФА го суспендираше аргентинскиот голман Емилијано Март…