Дома Останати Авто Мото Хамилтон неприкосновен во квалификациите – има пол-позиција во Мелбурн

Хамилтон неприкосновен во квалификациите – има пол-позиција во Мелбурн

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе тргне од првата стартна позиција на трката за Големата награда на Австралија со која ќе биде отворена новата сезона во Формула 1 шампионатот.

На утринските квалификации во Мелбурн, Хамилтон извози најбрз круг 1:22.188 минута. Од првиот ред веднаш до Британецот ќе стартува Себастијан Фетел од Ферари.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас ќе почне од третата позиција, додека Кими Раиконен од Ферари ќе ја стартува трката од четвртото место.

По нив следуваат: Макс Верстапен, Роман Грожан, Фелипе Маса, Карлос Саинц, Данил Квајат, Даниел Рикиардо, Серхио Перез, Ник Хулкенберг,…

Главната трка ќе почне утре во 7 часот по средноевропско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…