Дома Видео Хамес шокираше со новиот имиџ и се посрамоти со големо промашување 🎥

Хамес шокираше со новиот имиџ и се посрамоти со големо промашување 🎥

Хамес Родригез пред два месеци изненади со одлуката да го напушти Евертон и да потпише со катарскиот Ал-Рајан.

Во Евертон Хамес пристигна како големо засилување од Реал Мадрид, имаше солидна сезона на „Гудисон“, но со доаѓањето на Рафа Бенитез падна во формата. На крајот го изгуби местото помеѓу првотимците и одлучи да го напушти клубот. Иако, имаше понуди од Европа се реши да продолжи во Катар.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


И во Катар не му оди баш најдобро. На својот четврти натпревар за Ал-Рајан доби црвен картон затоа што го удри судијата, а подоцна беше суспендиран на надва месеци. Колумбиецот конечно во последниот натпревар се врати на терен и изненади со неговиот нов имиџ и бојата на косата.

Имаше Хамес и добра ситуација да постигне погодок меѓутоа промаши зицер и се посрамоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Садио Мане зборуваше за односот помеѓу него и Салах во Ливерпул

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, исто така ја изнесе својата верзија за односи…