Дома Фудбал Останато Хамес ставил интересна клаузула во договорот

Хамес ставил интересна клаузула во договорот

Хамес Родригез го напушти Евертон и кариерата ќе ја продолжи во катарскиот Ал Рајан.

Весникот „АС“ пренесува дека Хамес вклучил интересна клаузула во договорот која му дозволува еднострано да го раскине договорот со Ал Рајан доколку пристигне понуда од ПСЖ.

Весникот тврди дека Колумбиецот има голема желба да заигра заедно со Меси во француската престолнина. Меѓутоа, со неговите настапи во Катар тешко дека може да се надева на повик од „светците“.

Минатата сезона Хамес одигра 27 меча за Евертон на кои постигна 6 гола и запиша 9 асистенции.

Со заминувањето на Анчелоти и тој сакаше да ја промени средината бидејќи не влегуваше во плановите на новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…