Дома Фудбал Англија Халанд: Јас сум гладен за голови и сакам победа во секој натпревар

Халанд: Јас сум гладен за голови и сакам победа во секој натпревар

Новата ѕвезда на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, даде интервју за англиските медиуми пред неговото деби во Премиер лигата против Вест Хем во недела.

Норвежанецот откри зошто го избрал англискиот шампионат и зошто никогаш не поставува цели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Кога сакате нова работа, размислувате за тоа како би се чувствувале на таа нова работа. Стадионите, атмосферата и ривалството на теренот се работи за кои навистина ми се допаѓаат во Англија. Чувството на играта, темпото ќе биде високо, а тоа е и шармот на Премиер лигата и затоа е најпопуларната лига во светот“, изјави Халанд.

„Не ми е важно како ќе постигнам гол – со шут од далеку, одблизу секој гол е вреден. Јас сум играч кој е гладен за голови, кој дава 100% и кој сака да победи на секој натпревар. Надвор од теренот, тивок сум, сакам да се смеам и да се забавувам, но јас сум навистина мирна личност“, додаде Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најверниот војник на Гвардиола го напушта Манчестер Сити по девет години

Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од тековната с…