Ерлинг Халанд е вистинска напаѓачка сензација оваа сезона. Блесна во дресот на Салцбург и во јануари се пресели во редовите на Борусија Дортмунд.
За младиот Норвежанец интерес покажуваа многу европски гиганти, но Борусија успеа да ја добие битката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Халанд пред еден месец се пресели во Дортмунд и веднаш почна да руши рекорди во Бундеслигата, а сега се појави информација дека после само шест месеци може да го напушти клубот.
„Мирор“ пишува дека Манчестер Сити набрзо мора да пронајде замена за Серхио Агуеро и токму Халанд е прв избор на раководството на „граѓаните“.
19-годишниот голгетер наводно во договорот со Дортмунд има откупна клаузула од 75 милиони фунти, па „милионерите“ ќе бидат немоќни да го задржат во своите редови.
Халанд во досегашниот дел од сезоната одигра 27 меча вкупно за Салцбург и Дортмунд, на кои постигна неверојатни 36 гола.