Дома Фудбал Англија Халанд му донесе победа на Сити, Арсенал го прегази Челзи 🎥

Халанд му донесе победа на Сити, Арсенал го прегази Челзи 🎥

Синоќа се одиграа атрактивни пријателски натпревари, а најголемо внимание привлече дуелот помеѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Ова воедно беше и деби за Ерлинг Халанд во дресот на Сити и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Норвежанецот во 12-та минута го постигна првиот гол во дресот на Сити, на асистенција на Џек Грилиш, а тоа се покажа одлучувачки за победа  на „граѓаните“.

Арсенал убедливо го совлада Челзи со резултат 4:0. Стрелци на головите беа Габриел Жесус, Мартин Одегард, Букајо Сака и Алберт Самби Локонга. Олександр Зинченко дебитираше за Арсенал и покажа дека може да биде големо засилување за „топчиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Нема подобар противник од Ливерпул за мојот натпревар бр.1000

Менаџерот на Манчестер Сити Хосеп Гвардиола ќе го прослави својот натпревар бр.1000 во тре…