Раководството на Манчестер Сити е спремно да вклучи во договорот со Ерлинг Халанд специјална клаузула „Реал Мадрид“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „Тајмс“ клубот му ветил на Халанд дека во даден момент од кариерата тој ќе има можност да се пресели во „кралскиот“ клуб, што е негова желба за во иднина.
Клубот од „Етихад“ е во напредни преговори и верува дека за неколку дена ќе го комплетира трансферот.
Халанд ќе биде најскапиот фудбалер во Премиер лигата со неделна плата од 500.000 фунти. „Граѓаните“ ќе ја платат откупната клаузула од 75 милиони евра, притоа ќе му дадат 40 милиони евра бонус на неговиот менаџер и на таткото на Норвежанецот.
Халанд ќе потпише 4-годишен договор, а специјалната клаузула било деталот кој го убедил голгетерот да ја прифати понудата.